Џорџ Бест
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џорџ Бест (англиски: George Best) (22 мај 1964 - 25 ноември 2005 ) — северноирски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата крило за Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Северна Ирска. Во 1968 година, тој го освоил Европскиот куп со Јунајтед и бил именуван за Европски фудбалер на годината и за Фудбалер на годината според Сојузот на фудбалски писатели. Според ирскиот фудбалски сојуз и управниот орган на репрезентацијата, тој бил „најдобриот играч што некогаш го облекол зеленот дрес на Северна Ирска“.[1]
Џорџ Бест | |||
---|---|---|---|
Бест во националниот дрес 1976 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Џорџ Бест | ||
Роден на | 22 мај 1946(1946-05-22) | ||
Роден во | Белфаст, Северна Ирска | ||
Починал на | 25 ноември 2005(2005-11-25) (возр. 59) | ||
Починал во | Лондон, Англија | ||
Висина | 5 ст 9 ин (1.75 м) | ||
Позиција |
Крило Среден ред со напаѓачки задачи | ||
Младинска кариера | |||
1961–1963 | Манчестер Јунајтед | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1963–1974 | Манчестер Јунајтед | 361 | (137) |
1974 | → Џуиш Гилд (позајмен) | 5 | (0) |
1974 | → Данстејбел Таун (позајмен) | 0 | (0) |
1975 | ФК Стокпорт Каунти | 3 | (2) |
1975–1976 | ФК Корк Селтик | 3 | (0) |
1976 | Лос Анџелес Ацтекс | 23 | (15) |
1976–1977 | ФК Фулам | 42 | (8) |
1977–1978 | Лос Анџелес Ацтекс | 32 | (12) |
1978–1979 | Форт Лаудердејл Страјкерс | 28 | (6) |
1979–1980 | ФК Хибернијан | 17 | (3) |
1980–1981 | Сан Хосе Ертквејкс | 56 | (21) |
1980–1982 | Сан Хосе Ертквејкс (фудбал во сала) | 21 | (33) |
1982 | Си Би | 2 | (0) |
1982 | ФК Хонгконг Ренџерс | 1 | (0) |
1983 | АФК Борнмут | 5 | (0) |
1983 | Брисбејн Лајенс | 4 | (0) |
1983 | Озборн Парк Галеб | 1 | (1) |
1983 | ФК Њунитон Таун | 0 | (0) |
1984 | ФК Тобермор Јунајтед | 0 | (0) |
Вкупно | 604 | (238) | |
Репрезентација | |||
1964–1977 | Северна Ирска | 37 | (9) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Роден и израснат во Белфаст, Бест ја започнал фудбалската кариера во Англија во Манчестер Јунајтед, кои го забележале неговиот талент на возраст од 15 години. Тој бил многу успешен во Јунајтед, постугнувајќи 179 гола на 470 настапи во период од 11 години. Неговиот стил бил карактеристичен по брзината, рамнотежата, користењето на двете нозе, можноста да постигнува голови и лесно да поминува одбранбени играчи. Бест неочекувано го напуштил Јунајтед релативно рано во 1974 година на 27 години, но се вратил во фудбалот во голем број на клубови низ целиот свет, но таму поминувал многу кратко време и конечно се пензионирал во 1983 година на 37 години. Во меѓународниот фудбал, тој постојано бил одбиран кога бил подготвен и настапил на 37 натпревари за Северна Ирска и постигнал девет голови во периодот од 1964 до 1977 година. Сепак, играта на неговиот репрезентација не овозможила да се покаже неговиот талент во европските или светските првенства.
Талентот и харизмата на Бест биле толку големи што тој станал еден од првите фудбалери кои биле и славните личности, но неговиот екстравагантен животен стил довел до различни проблеми, од кој најголем бил алкохолизмот, од кој страдал до крајот на животот. Овие проблеми влијаеле на него на и вон фудбалскиот терен низ целата неговата кариера и во време создавале контроверзија.[2] За својата кариера често кажувал дека: „90% од парите ги трошев на жени, алкохол и брзи автомобили. Останатиот дел го трошев на глупости“.[3] По завршувањето на фудбалската кариера, проблемите со финансиите и здравјето продолжиле. Тој умрел во 2005 година на возраст од 59 години поради компликациии од имуносупресивните лекови кои морал да ги пие откако контроверзно добил дозвола за пресадување на црн дроб во 2002 година.[4] Продолжил да пие и после пресадувањето на црниот дроб.[5] Бест двапати бил во брак со две поранешни модели, Енџи Бест, а потоа и Алекс Бест. Неговиот син, Калум Бест, е роден во 1981 година од неговиот прв брак.
Пред смртта, Бест бил изгласан на 16-тото место во изборот за ФИФА Светски играч на векот во 1999 година според Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика и бил еден од 22-те лица кои влегле во Англиката фудбалска сала на славните во 2002 година; Во 2004 година бил изгласан на 19-тото место во јавниот избор на Златниот јубилеј на УЕФА, а од Пеле бил именуван за еден од 125-те најдобри живи фудбалери во светот.[6] По неговата смрт, за неговиот 60-ти роденден, Градскиот аеродром во Белфаст бил преименуван во Градски аеродром Џорџ Бест како признание за неговата фудбалска брилијантност. Според ББС, посетителите на неговиот јавен погреб во Белфаст го паметеле како „убаво момче со убава игра“.[7] Описот не неговото место во фудбалската историја е најдобро искажан во реченицата: „Марадона - добар, Пеле - подобар, Џорџ Бест (анг. најдобар)“.