Антарктички Полуостров
голем полуостров на Антарктикот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Антарктичкиот Полуостров, познат и како О'Хигинсова Земја во Чиле и Сан Мартинова Земја во Аргентина, а порано и како Грахамова Земја во Обединетото Кралство и Палмеров Полуостров Палмер во САД, е најсеверниот дел од Антарктичкиот континент.
Антарктичкиот Полуостров е дел од поголем полуостров во Западен Антарктик, со должина од 1300 км од линијата помеѓу 'Ртот Адамс (Веделово Море) и точката на континентот јужно од Еклундските Острови. Огнената Земја, најјужната точка во Јужна Америка, се наоѓа на растојание од околу 1000 км од Антарктичкиот Полуостров и тие се раздвоени меѓусебе со Дрејковиот Премин.[1]
Површината на Антарктичкиот Полуостров изнесува 522.000 км2, а 80% од неа е покриена со мраз.[2]
Денес на Антарктичкиот Полуостров има многу истражувачки станици, а за суверенитет врз полуостровот меѓусебно спорат: Аргентина, Чиле и Обединетото Кралство. Ниту едно од овие барања не е меѓународно признато. Британското барање е признаено од Австралија, Франција, Нов Зеланд и Норвешка. Аргентина има најмногу бази и персонал стациониран на полуостровот.