Белуха
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белуха (алтајски : Ӱч-Сӱмер - „три врва“; казашки: Мұзтау Шыңы, - „врвот на планината мраз“), се наоѓа во планините Катун и е највисокиот врв на Алтајските Планини во Русија, и највисокиот врв на системот на Јужните Сибирски Планини.[1] Се смета како дел од Светското наследство на Златните планини на Алтај.[2]
Во 2008 година бил донесен закон кој гласи дека секој посетител треба да аплицира за дозвола за посебна гранична зона за да може да се влезе во областа (ако патува самостојно без да користи агенција). Странците треба да аплицираат за дозвола во регионалната канцеларија на граничната полиција на ФСБ, два месеци пред планираниот датум.[3][4]