Гент
град во Источна Фландрија, Белгија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гент (холандски: Gent; француски: Gand) — град и општина во Фламанската Област на Белгија. Претставува главен и најголем град во покраината Источна Фландрија и е втора по големина општина во Белгија, по Антверпен. Градот бил основан како населба во сливот на реките Шелда и Лаје, и во доцниот среден век станал еден од најголемите и најбогатите градови во северна Европа, со околу 50.000 жители во 1300 година.
Гент Ghent Gand Gent | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Поглед на Гент од катедралата Сент Баво со Гентската камбанарија и црквата Свети Никола | |||
Земја | Белгија | ||
Заедница | Фламанска | ||
Област | Фламанска | ||
Покраина | Источна Фландрија | ||
Округ | Гент | ||
Управа | |||
• Градоначалник (список) | Матијас де Клерк | ||
Површина | |||
• Вкупна | 156,18 км2 (6,030 ми2) | ||
Население (2018-01-01)[1] | |||
• Вкупно | 260.341 | ||
• Густина | 17/км2 (43/ми2) | ||
Пошт. бр. | 9000–9052 | ||
Повик. бр. | 09 | ||
Мреж. место | www.gent.be |
Гент е пристаниште и универзитетски град. Општината е сочинета од градот Гент, но и од околните градови: Афсне, Дестелдонк, Дронген, Гентбрухе, Ледеберг, Маријакерке, Мендонк, Остакер, Синт Амандсберг, Синт Денијс Вистрем, Синт Краус Винкел, Вонделгем и Звијнарде. Со 262.219 жители, во почетокот на 2019 година, Гент е вториот најголем белгиски град според бројот на населението. Површински, Гент, сосе околните области се простира на 1205 квадратни километри. Во моментов градоначалник на Гент е Матијас де Клерк.