Докторски ментор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Докторски ментор — академски работник што упатува аспиранти за докторско звање во научноистражувачка работа[1] на еден факултет. Менторот помага во изборот на градиво, во обликување и уточнување на поддисциплината во која аспирантот пишува дисертација и полага испит.[2] Студентот го одбира менторот зависно од струката и интересите, како и нивната расположливост. За ова самиот ментор треба да даде согласност за ангажманот.[3]
Во некои земји, менторот претседава со комисијата каде студентот го брани докторатот, додека во некои менторот воопшто нема право да биде во комисијата.
Менторот обично е редовен професор, но во некои земји може да биде и вонреден професор, или пак доцент, делувајќи во со соучество на редовен професор како коментор.