Евровизија 2010
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евровизија 2010 (англиски: Eurovision Song Contest 2010) беше 55. натпревар за најдобра песна на Европа. Се одржа во Норвешка, чија победа ја донесе Александар Рибак, којшто победи во 2009 година со песната „Бајка“ (англиски: Fairytale). Двете полуфиналиња се одржаа на 25 мај и 27 мај, а финалето, на 29 мај 2010.[3] Победник беше Германија со песната „Satellite“ на Лена Маер-Ландрут. Второто место го освои Турција, а третото Романија.
Евровизија 2010 Eurovision Song Contest 2010 | |
---|---|
Домаќин | НРК |
Локација | Теленор Арена, Осло, Норвешка |
Презентери | Ерик Солбакен Хади Жатоу Н'жие Надиа Хаснуи[1] |
Победничка песна | Германија „Satelite“ |
Број на земји | 39[2] |
Земји кои прв пат настапуваат | нема |
Земји кои се вратиле | Грузија |
Земји кои се откажале | Андора Чешка Унгарија Црна Гора |
Европската радиодифузија објави дека ќе се обиде оваа година да ги врати назад Италија, Монако и Австрија, но сепак тоа не се случи оваа година. На прес-конференцијата на 13 мај 2009 година, потврди дека земјите како Казахстан, Палестина и Катар не можат да се натпреваруваат, бидејќи географски се сместени надвор од европските граници. Новост на оваа Евровизија беше тоа што гласањето започна на почетокот и траеше за време на целиот натпревар, а заврши 15 минути подоцна од претставувањето на последната земја-учесник. Ваквиот начин на гласање беше застапен во двете полуфиналиња и во финалето. Оваа година 10 земји од двете полуфиналиња кои се пласираа во финалето беа избрани и од телефонското гласање, но и од стручните жириа. Вкупно 39 земји земаа учество на манифестацијата[2], со Грузија која се врати во натпреварот, додека Андора, Чешка, Унгарија и Црна Гора се повлеоа. Литванија на почетокот најави дека се откажува од учеството оваа година, но подоцна EBU објави официјален извештај во кој стои дека 39 земји ќе учествуваат на овогодинешната манифестација во кои е вклучена и Литванија.
Победата на Лена Мејер-Ландурт, ја носи Евровизија 2011 во Германија