Египетски пашалак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Египет била најголема провинција во Отоманското Царство. Под власта на Османлиите земјата паднала на 22 јануари 1517 година во времето на Селим I. Разбирајќи ја важноста на Египет, Османлиите во Египет практикувале посебна политика и за разлика од останатите делови од империјата овде не бил воведен тимарски систем.
Отомански Египет | |||||
إيالة مصر (арапски) Eyalet-i Mısır (турски) | |||||
Ејалет на Османлиското Царство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Ејалетот во 1833. | |||||
Главен град | Каиро | ||||
Јазици | арапски, османлиски | ||||
Вероисповед | Суни ислам | ||||
Државно уредување | Ејалет | ||||
Султан | |||||
- | 1517–1520 | Селим I (first) | |||
- | 1861–1867 | Абдул Азис (last) | |||
Валија | |||||
- | 1517–1522 | Каир Бег (прв) | |||
- | 1863–1867 | Исмаил Паша (последен) | |||
Голем везир | |||||
- | 1857–1858 | Зулфикер Паша (прв) | |||
- | 1866–1867 | Мухамед Шариф Паша (последен) | |||
Историски период | Ран модерен период | ||||
- | Битка кај Риданија | 22 јануари 1517 | |||
- | Француски поход | 1798–1801 | |||
- | Подемот на Мухамед Али | 1801–1805 | |||
- | Освојување на Судан | 1820–1822 | |||
- | Османлиско-египетска војна | 1831–1833 | |||
- | Khedivate proclaimed | 8 јуни 1867 | |||
Население | |||||
- | 1700 | 2335000[b] | |||
- | 1867 | 6076000 | |||
Денес во | Египет Еритреја Етиопија Ирак Израел Јордан Либан Либија Саудиска Арабија Јужен Судан Судан Сирија Турција Јемен | ||||
^ a. Arabic became the sole official language in 1863.[1]
^ b. Figures are taken from the Populstat.info website. |
Во споредба со големината на империјата, во Египет имало само 10.000 војници бидејќи земјата се наоѓала многу далеку од главните фронтови каде Османлиите постојано војувале, главно во Европа и Персија. Се сметало дека воената служба во Египет била далеку поудобна и мирна за разлика од останатите османлиски провинции.
Значењето на Египет за Османлиското Царство било од големо економско и стратешко значење. Египет претставувал база за османлиските походи кон Црвено Море, во Јемен, Етиопија. Во текот на 16 век Суец бил проширен. Кога Португалија основала свои бази во Индија, Османлиите решиле да ја консолидираат својата положба на подрачјето околу Црвено Море. Така во истиот период биле основани бази во Јемен и Етиопија.
Освојувањето на Египет на Османлиите им донело големи економски и финансиски предности. Приходите од даноците за земја, царините за морскиот и речниот транспорт биле користени за финансирање на војската.