Жак Лакан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жак Мари Емил Лакан (француски: Jacques Marie Émile Lacan;[2] француски: [ʒak lakɑ̃]; 13 април 1901 – 9 септември 1981) — француски психоаналитичар и психијатар, наречен „најконтроверзниот психоаналитичар после Фројд“.[3] Преку своите годишни предавања во Париз од 1953 до 1981, Лакан влијае врз многу водечки француски интелектуалци во 1960-ите и 1970-тите, особено оние поврзани со пост-структурализмот. Неговите идеи имаат значително влијание врз пост-структурализмот, лингвистиката, филмската теорија, клиничката психоанализа и воопшто филозофската мисла во XX век.[4]
Кратки факти Жак Лакан, Роден(а) ...
Жак Лакан | |
---|---|
Роден(а) | Jacques Lacan 13 април 1901(1901-04-13) Париз, Франција |
Починал(а) | 9 септември 1981(1981-09-09) (возр. 80) Париз, Франција |
Установа | Париски универзитет (специјалист по судска медицина, 1931; доктор по медицина, 1932) |
Период | Филозофија во 20 век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Психоанализа структурализам пост-структурализам[1] |
Претежна дејност | психоанализа |
Значајни идеи | Стадиум на огледало Реалното Симболичкото Имагинарното График на посакувањето |
Влијаел врз
| |
Затвори