Звонимир Бобан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Звонимир Бобан (роден на 8 октомври 1968 година) — поранешен фудбалски репрезентативец на Хрватска. Бобан настапувал како играч за врска во средниот ред и често бил користен како офанзивен фудбалер.Најголемиот дел од својоата кариера тој го поминал играјќи за италијанскиот калчолигаш Милан со кој освои четри титули во Серија A и една титула во Лигата на шампионите. Исто така тој беше капитен на хрватската фудбалска репрезентација со која го освои третото место на светкото пренство во Франција, во 1998 година. Пред 1990 година, и меѓународното признавање на Хрватска како независна држава, Бобан настапуваше за младата фудбалската репрезентација на Југославија, како и за сениорската фудбалска репрезентација на Југославија до 1990 година . Со младата фудбалска репрезентација на Југославија го освои светското првенство во фудбал за играчи до 20 години во 1987 година во Чиле. Бобан беше трипати стрелец на тоа првенство, вклучувајќи го и погодокот во финалето против Западна Геранија (нерешено 1–1 со Западна Германија во регуларниот тек) а потоа победувајќи на пенали. Своето деби за сениорската репрезентација на Југославија го имаше во 1988 година, но Бобан како жесток патриот, се префрли да игра за фудбалската репрезентација на Хрватска со распадот на Југославија, дебитирајќи против Романија во декември 1990 година. Тој настапи седум пати за Југославија, постигнувајќи еден гол, додека Бобан за репрезентацијата на Хрватска одигра 51 натпревар, постигнувајќи 12 гола, во периодот меѓу 1990 и 1999 година .
Звонимир Бобан | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бобан во 2008 | ||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||
Полно име | Звонимир Бобан | |||||||||||||||||
Роден на | 8 октомври 1968(1968-10-08) (55 г.) | |||||||||||||||||
Роден во | Имотски, СФР Југославија | |||||||||||||||||
Висина | 1.85 м (6 ст 1 ин) | |||||||||||||||||
Позиција | Офанзивен везист | |||||||||||||||||
Младинска кариера | ||||||||||||||||||
1978 — 1981 | Мрачај Руновиќ | |||||||||||||||||
1981 — 1982 | Хајдук Сплит | |||||||||||||||||
1983 — 1985 | Динамо Загреб | |||||||||||||||||
Кариера* | ||||||||||||||||||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) | |||||||||||||||
1985 — 1991 | Динамо Загреб | 109 | (45) | |||||||||||||||
1991 — 2002 | Милан | 178 | (21) | |||||||||||||||
1991 — 1992 | → Бари (позајмица) | 17 | (2) | |||||||||||||||
2001 — 2002 | → Селта Виго (позајмица) | 4 | (0) | |||||||||||||||
Вкупно | 308 | (68) | ||||||||||||||||
Репрезентација | ||||||||||||||||||
1987 | Југославија | 6 | (3) | |||||||||||||||
1988 — 1991 | Југославија | 7 | (1) | |||||||||||||||
1990 — 1999 | Хрватска | 51 | (12) | |||||||||||||||
Успеси
| ||||||||||||||||||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Од неговото пензионирање во 2002 година, Бобан дипломираше на катедрата по историја на Универзитетот во Загреб. Тој, исто така, стана фудбалски коментатор и аналитичар во Хрватска и на италијанската телевизија, особено за Скај Италија и РТЛ Телевизија. Тој има репутација како отворен и независен аналитичар.