Инфлација
зголемување на цените на добрата и услугите во економијата по одредено време / From Wikipedia, the free encyclopedia
Инфлација (англиски: inflation) — општ постојан пораст на цените на стоките и услугите во една економија. При тоа, за дефинирањето на инфлацијата, важни се два момента: прво, инфлацијата претставува пораст на општото ниво на цените, мерено преку некој индекс на цени, т.е. не може да се зборува за инфлација ако дошло до пораст на цената на еден производ или група производи; второ, инфлацијата претставува тренд на постојано зголемување на цените, т.е. еднократниот пораст на сите цени (на пример, поради зголемување на даноците) не претставува инфлација. Инфлацијата е еден од трите централни проблеми во макроекономската анализа, покрај невработеноста и економскиот раст.[1]