Копа Америка 1997
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноамериканско првенство во фудбал 1997, попознато како Копа Америка 1997 — 38-то издание на Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Боливија од 11 јуни до 29 јули 1997 година. На турнирот учествувале 12 репрезентации, од кои две не биле членки на КОНМЕБОЛ. Мексико и Костарика зеле учество како членки на КОНКАКАФ.
Копа Америка 1997 | |
---|---|
XXXVIII Copa América 1997 | |
Податоци за првенството | |
Земја | Боливија |
Датум на одржување | 11 јули — 29 јули 1997 |
Екипи | 12 (од 2 конфедерации) |
Стадиони | 5 (во 5 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Шампион | Бразил (5-ти) |
Второ место | Боливија |
Трето место | Мексико |
Четврто место | Перу |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 26 |
Постигнати голови | 67 (2.58 по натпревар) |
Гледачи | 550,500 (21 по натпревар) |
Голгетер | Мексико Ернандес (6. гола) |
Најдобар играч | Бразил Роналдо[1] |
Турнирот бил освоен од страна на Бразил, кој во финалето ја совладал репрезентацијата на Боливија. Мексико го освоил третото место победувајќи ја репрезентацијата на Перу во натпреварот за третото место.
Луис Ернандес бил најдобар стрелец на турнирот со 6 постигнати голови.[2]