Марсејеза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марсејеза (франц.: La Marseillaise, што значи: Марсејска песна) — државна химна на Франција.
Кратки факти макед. Марсејеза, Друг наслов ...
макед. Марсејеза | |
---|---|
Факсимил од текстот и нотите на песната | |
национална химна на Франција | |
Друг наслов | Chant de guerre de l'Armée du Rhin (Марш на армијата од Рајна) |
Текст | Клод Жозеф Руже де Лил, 26 април 1792 г. |
Музика | Клод Жозеф Руже де Лил, 1792 г. |
Усвоена | 1795 г. |
Звучен извадок | |
инструментална верзија | |
Затвори
Марсејезата ја напишал Клод Жозеф Руже де Лил[1] во ноќта помеѓу 25. и 26 април 1792 година, во текот на објавувањето на војната на Австрија во Стразбур. Најпрво таа се викала Марш на армијата на Рајна (Chant de guerre pour l'armée du Rhin) и била посветена на грофот Николас Лакнер, заповедник и гувернер на Стразбур. Името го добила на 30 јули 1792 година, затоа што се пеела при влегувањето на 500 доброволци од Марсеј во Париз.
На 14 јули 1795 година Марсејезата била прогласена за државна химна на Франција.