Математика
апстрактно проучување броеви, количина, структура, врски и итн. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Математика претставува логички строго изучување на теми, како: квантитет,[1] структура,[2] простор[1] и промена.[3][4][5] Исто така, математиката е збир од знаења кој претставува предмет на дедуктивно расудување, почнувајќи со аксиоми и дефиниции. Математиката се користи во науката, инженерството, геодезијата, медицината и економијата. Зборот „математика“ доаѓа од старогрчкиот збор μάθημα (матема) што значи наука, знаење или учење и μαθηματικός (математикос), што значи љубител на учењето.[6][7]