Мембрански белковини
класа белковини / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мембранските белковини се белковини кои стапуваат во интеракција или се дел од биолошки мембрани. Тие вклучуваат интегрални мембрански белковини, кои трајно се закотвени, односно се дел од мембраната, и периферни мембрански белковини, кои само привремено се поврзани со мембраната или со некој интегрална мембранска белковина.[1][2] Интегралните мембрански белковини се класифицирани во две групи; трансмембрански белковини, кои се протегаат низ целиот мембрански двослој, и интегрални монотопични белковини, кои се поврзани само со едната страна на мембраната. Мембранските белковини се чест вид на белковини, заедно со водорастворливите глобуларни белковини, фибриларните белковини и интринзично неструктурираните белковини.[3] Тие се цел на делување на над 50% од сите модерни лекови.[4] Се смета дека 20-30% од сите гени во повеќето геноми на организмите кодираат мембрански белковини.[5][6]
Во споредба со другите класи на белковини, определувањето на структурата на мембранските белковини сè уште е предизвик, поради тешкотиите во поставувањето на експериментални услови во кои се зачувува природната конформација на белковината кога е во изолација од меговата нативна средина.[6]