Механика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Механика (грчки μηχανική) — област од науката што се занимава со однесувањето на физичките тела кога се изложени на сили или поместувања и последователните ефекти на телата во нивната средина.
Научната дисциплина води потелко од Древна Грција со записите на Аристотел и Арихмед[1][2][3] (види Историја на класичната механика и Хронологија на класичната механика). За време на раниот раниот нов век, научници како Галилео Галилеј, Јоханес Кеплер, а особено Исак Њутн, ги поставил на сега познатата класична механика.
Станува збор за гранка на класичната физика која се занимава со честички кои се во мирување или се движат со брзини значајно помали од онаа од брзината на светлината. Исто така може да се дефинира како гранка од науката која се занимава со движењето и силите кои дејствуваат на телата.