Овчарство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Овчарство — втора по значење сточарска гранка по говедарството која подразбира чување, одгледување и искористување на овци. Најповолни услови за развој на овчарството има во умерените и во суптропските предели, како и на високите планини на кои има свежа трева во текот на целиот летен период. Денес, со одбирање и со вкрстување се одгледуваат повеќе видови овци, кои даваат поголеми количества млеко, месо, волна и кожа. Традиционално прибирањето на овци и добивањето на производите се одвива во бачило.
Во Македонија во 2013 година имало 731 828 овци.[1]