Олд Трафорд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Олд Трафорд е фудбалски стадион во месноста Олд Трафорд, Грејтер Манчестер, Англија, и е дом на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед . Со сместивост од 74.879, Олд Трафорд е најголемиот клупски фудбалски стадион (и втор по големина фудбалски стадион по Вембли ) во Велика Британија и единаесеттиот по големина во Европа.[2] На само 800 метри од стадионот се наоѓа и „Олд Трафорд“ Крикет теренот и трамвајска станица која се користи за посета на стадионот.
Олд Трафорд | |
---|---|
Театар на соништата | |
Целосно име | Олд Трафорд |
Место | Манчестер Обединето Кралство |
Координати | 53°27′47″N 2°17′29″W |
Започнат | 1909 |
Отворен | 19 февруари 1910 |
Сопственик | Манчестер Јунајтед |
Оператор | Манчестер Јунајтед |
Подлога | трева |
Цена на изградбата | 90.000 фунти (1909) |
Архитект | Арчибалд Леич (1909) |
Игра | Манчестер Јунајтед |
Гледачи | 75.811[1] |
Стадионот е познат и како „Театарот на соништата“ прекар кој стадионот го добил од Боби Чарлтон,[3] Олд Трафорд е дом на Јунајтед од 1910 година, иако во периодот помеѓу 1941 и 1949 година клубот го дели Мејн Роуд со локалниот соперник Манчестер Сити како резултат на оштетување кои Олд Трафорд ги претрпел од бомбадирањата за време на Втората светска војна . „Олд Трафорд“ ќе претрпи неколку експанзии во 90-тите и 2000-тите години, вклучително и додавање дополнителни нивоа на Северните, Западните и Источните трибини, со што стадионот речиси ќе си го врати првичната сместивост од 80.000. Идното планирано проширување веројатно ќе вклучува додавање на уште едно ниво на Јужната трибина, што би ја подигнало сместивоста на околу 88,000 гледачи. Рекордната посетеност на стадионот е забележена во 1939 година, кога 76.962 гледачи го гледале полуфиналето на ФА Купот помеѓу Вулверхемптон Вандерерс и Гримс Таун .
Олд Трафорд бил домаќин на неколку полуфиналиња на ФА Купот, натпревари на репрезентацијата на Англија, натпревари од Светското првенство 1966 и Еуро 96 како и Финалето на Лига на Шампиони 2003 . На Олд Трафорд исто така се играле и натпревари од рагби лигата како и нејзниното годишно Супер лига Финале, а се одиграле и финалињата на две Рагби лига Светски првенства. За време на Летните олимписки игри во 2012 година, на Олд Трафорд се играа фудбласки натпревари, а за првпат во историјата на Олимпијадата тука се одигра и натпревар во женскиот фудбал.