Осен наклон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Осен наклон (или накосеност) — аголот помеѓу оската на вртење на еден објект и правата нормална на неговата орбитална рамнина. Со тоа се разликува од орбиталниот наклон (инклинација).
Накосеноста се утврдува со правилото на десна рака како за вртењето, така и за орбиталното движење - правата што се протега од темето во средиштето на објектот до неговиот Северен Пол (над која објектот изгледа како да се врти спротивно од часовникот); правата што оди од темето и во правец на нормалата на неговата орбитална рамнина, (над која објектот изгледа како да се врти спротивно од часовникот во неговата орбита). При нула степени, овие прави гледаат во иста насока.
Планетата Венера има осен наклон од околу 177,3° бидејќи се врти во наназад, обратно од други планети како Земјата. Северниот Пол на Венера е насочен „надолу“ (или јужно). Планетата Уран се врти бочно, така што нејзината оска на вртење (затоа и Северниот Пол) гледа речиси право во нејзината орбита околу Сонцето. Затоа осниот наклон на Уран изнесува 97°.[2]
Долж орбитата, иако аголот на осниот наклон не се менува, неговата насоченост се менува за вкупно 360 степени (едно цело свртување околу Сонцето), во однос на правата помеѓу планетата и Сонцето, што е причинител за годишните времиња на Земјата.
Променливоста на Земјиниот осен наклон прв ја забележал персискиот астроном Абумахмуд Хуџанди во X век, користејќи џиновски секстант. Тој забележал дека вредноста што ја добил е помала од онаа на неговите претходници, па така заклучил дека таа со време се менува.[3]