Осмеречен броен систем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Осмеречен броен систем (октален броен систем) броен систем со основа 8 кој ги користи бројките од 0 до 7. Бројките можат да се направат од двоични (бинарни) бројки разделување на последователните двоични цифри во групи од по три бројки (почнувајќи од десно). На пример, двоичната претстава за десетичниот број 74 е 1001010, што може да се групира во (00)1 001 010 — така, осмеречната претстава ќе биде 112.
Бројни системи кај разни народи и култури | |
---|---|
Индоарапски броеви | |
Западноарапски • Источноарапски | |
Бенгалски • Гуџаратски • Гурмухски • Деваганарски (Индиски) • Синхалски • Тамилски | |
Балиски • Бурмански • Ѕонгкански (Бутански) • Јавански • Кмерски • Лаоски • Монголски • Тајландски | |
Источноазиски броеви | |
Виетнамски Јапонски Кинески (Суџојски) |
Корејски Стапчиња Хокиенски |
Азбучни броеви | |
Абџадски Арјабатини Гиски (Етиопски) Грузиски Грчки |
Ерменски Кирилични Римски Хебрејски |
Други системи | |
Атички Брамански Вавилонски Глаголични Егејски Египетски Етрурски Инуитски |
Кипу Кхаростенски Мајански Муискански Поле со урни Праисториски Чувашки |
Положбени системи по основа | |
Десетични (10) | |
1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 20, 30, 36, 60 повеќе… | |
Во десетичниот (декаден) систем, секое децимално место е основа 10. На пример:
Кај осмеречните бројки, секое место е основа 8. На пример:
Со горенаведените пресметки во десетичен систем можеме да увидиме зошто 112 во осмеречниот систем е еднакво на 64+8+2 = 74 во десетичниот.
Осмеречниот систем напати наоѓа примена во информатиката наместо шеснаесетеречниот (хексадецималниот).