Павел Недвед
From Wikipedia, the free encyclopedia
Павел Недвед (чешки: Pavel Nedvěd; роден на 30 август 1972 година во Хеб) — чешки поранешен фудбалер, играч од средината на теренот.
Павел Недвед | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 30 август 1972(1972-08-30) (51 г.) | ||
Роден во | Хеб, Чехословачка | ||
Држава |
Чехословачка Чешка (од 1993) | ||
Висина | &100000000000001770000001,77 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Сегашен клуб |
Јувентус (потпретседател) | ||
Повлекување | 31 мај 2009 (36 г.) | ||
Младинска кариера | |||
ТЈ Скална | |||
РХ Хеб | |||
Викторија Плзењ | |||
Дукла Табор | |||
Дукла Прага | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1991–1992 | Дукла Прага | 19 | (3) |
1992–1996 | Спарта Прага | 97 | (23) |
1996–2001 | Лацио | 138 | (33) |
2001–2009 | Јувентус | 247 | (51) |
Репрезентација ‡ | |||
1994–2006 | Чешка | 91 | (18) |
† Учества (Голови). |
Сметан за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација,[1][2][3] Недвед исто така е еден од најуспешните играчи од Чешка,[4] кој бил голем протагонист во европскиот фудбал кон крајот на
1990-тите и 2000-тите години, остварувајќи голем број успеси прво со Лацио, а потоа и со Јувентус. Во Јувентус тој останал до крајот на својата кариера (по крајот на сезоната 2008-2009) и денес тој е странски фудбалер со најмногу настапи за клубот (327), а како резултат на својте фантастични изведбите во црно-белиот дрес, во 2003 година тој бил награден со добивање на Златната топка доделена од францускиот магазин France Football (втор Чех што кој ја добил оваа награда по Јозеф Масопуст), а бил прогласен и за Светски играч на годината од британскиот магазин World Soccer. Тој бил познат по својата енергија и неуморното движење по теренот, па оттука произлегол и неговиот прекар "Furria Cecca" (превод на мак. Чешката фурија) кој го добил од навивачите на Јуве.
За чешката репрезентацијата, Недвед одиграл 91 натпревар и постигнал 18 голови во периодот 1994-2006, а од 2000 година бил и капитен. Тој ја претставувал Чешка на три Европски првенства: 1996 кога чесите биле вицешампиони, 2000 и 2004, а на последното бил избран во идеалниот тим на првенството. Исто така играл и на Светското првенство 2006 и Купот на конфедерации 1997.
Недвед бил четири пати прогласен за чешки фудбалер на годината, а во 2003 година ја добил наградата и за спортист на годината во својата земја. Во 2004 година, бил вклучен во ФИФА 100 списокот на 125 најдобри живи фудбалери избрани од Пеле. Од 2003 до 2005 година, тој три последователни години бил избран во Тимот на годината на УЕФА.