Пекинг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пекинг (кинески: 北京, пинјин: Běijīng) — главен град на Народна Република Кина и еден од најнаселените градови во светот со население од околу 19,612,368 жители во 2010 година. Пекинг е политички, културен и образовен центар на државата,[3] и истиот е дом на најголемите државни компании во Кина. Оваа метропола се наоѓа во северна Кина и се граничи со Хебеј на север, запад, југ и исток и со Тјенѓин на југоисток.[4]
Пекинг 北京 | |
---|---|
Општина | |
Општина Пекинг • 北京市 | |
Местоположба на Пекинг | |
Координати: 39°54′50″N 116°23′30″E | |
Држава | НР Кина |
Управа | |
• Вид | Општина |
• Партиски началник | Гуо Ѓинлунг |
• Градоначалник | Ванг Аншун (вршител) |
Површина | |
• Општина | 16.801,25 км2 (648,700 ми2) |
Надм. вис. | &1000000000000043500000043,5 м |
Население (2010)[1] | |
• Општина | 19.612.368 |
• Густина | 12/км2 (30/ми2) |
• Ранг во Кина | Население: 26-ти; Густина: 4-ти |
Демоним | Пекинжанец |
Етнички групи | |
• Кинези | 96% |
• Манџури | 2% |
• Хуи | 2% |
• Монголци | 0.3% |
Час. појас | Кинеско стандардно време (UTC+8) |
Поштенски код | 100000 – 102629 |
Повик. бр. | 10 |
БДП[2] | 2010 |
- Вкупно | CNY 1,377.79 милијарди US$ 209.3 милијарди |
- По глава на жител | CNY 70,251 US$ 10,672 |
- Раст | ▲ 10.2% |
Индек на човеков развој (2008) | 0.891 – висок |
Регистарски таблички | 京A, C, E, F, H, J, K, L, M, N, P 京B (такси) 京G, Y (надвор од урбан дел) 京O (полиција и власт) 京V (во црвена боја) (војска, влада) |
Мреж. место | www.ebeijing.gov.cn |
Пекинг
| |||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Кинески | 北京 | ||||||||||||||||||||||||||||||
Пинјин | Běijīng Слуш.ⓘ | ||||||||||||||||||||||||||||||
Буквално: | Северна престолнина | ||||||||||||||||||||||||||||||
|
Пекинг е политички организиран како општина, која е под директа управа на владата. Пекинг е поделен на 14 урбани и супурбани окрузи како и од две рурални окрузи.[5] Пекинг е главен транспортен центар во државата, со голем број железнички и патни линии, како и директни воздушни линии со кои се поврзува со остатокот од светот.
Пекинг е еден од четирите големи стари главни градови на Кина. Градот бил во срцето на кинеската историја со векови,[6] и поради тоа има голем број споменици од различни историски ери, кои сите имаат национална вредност. Градот е препознатлив по палатите, храмовите и големите камени ѕидови и порти.[7] Уметничките богатства и универзитетите го направиле градот културен центар на кинескиот народ, како низ историјата, така и денес.[7]
Најпрометна сообраќајница во јавниот превоз е Пекиншкото метро (北京地铁), кое превезува над 9,7 милиони патници дневно.[8]