Пиринејски Полуостров
голем полуостров во југозападна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пиринејскиот Полуостров (или Ибериски Полуостров, од шпански и португалски: Península Ibérica) — голем полуостров сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атлантскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка.
Кратки факти Географија, Место ...
Изворни имиња
| |
---|---|
Сателитска снимка на полуостровот | |
Географија | |
Место | Европа |
Координати | 40°30′N 4°00′W |
Површина | 583.254 км2 |
Највисоко издигнување | 3.478 м |
Највисока точка | Муласен |
Управување | |
Демографија | |
Население | ок. 53 милиони |
Затвори
Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат на него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Ибери кој живеел на полуостровот во антиката.