Приднестровие
де факто независна територија од Молдавија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Приднестровие, позната и како Приднестар, Транснистрија, Трансднестар, Трансднестрија или Трансднестарска Република (целосно име: Приднестарска Молдавска Република) е автономна покраина во составот на Молдавија, де факто независна од Молдавија од 2 септември 1990 година, која се наоѓа на левата страна од реката Днестар.[2] Опфаќа површина од 4.163 км2, но поради географската положба, со реката Днестар има граница долга 816 км, па поради тоа личи на остров долг 400, а широк 10 км. Вкупното население е 642.000, претежно од словенско, романско и туркиско потекло (30% Руси, 29% Украинци, 34% Молдавци, остатокот го сочинуваат Гагаузи, Бугари и Полјаци). Со административно-територијалната поделба на Молдавија, територијата на Приднестровската Молдавска Република во уставот на Молдавија се јавува како Автономна територија формирана со посебен статус на Приднестровие во составот на Молдавија, која фактички територијата на Приднестровие не ја контролира (со исклучок од неколку села).[3][4]). Должината на границите на Приднестровската Молдавска Република е 816 км: од нив 411 км — со територија, контролирана од властите на Молдавија, 405 км — со Украина[5][6][7][8][9] Приднестровие нема излез на море.
Приднестровска Молдавска Република Република Молдовеняскэ Нистрянэ Приднестрóвская Молдáвская Респýблика Придністровська Молдавська Республіка |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Те славиме тебе, Приднестровие |
||||||
Главен град | Тираспол | |||||
Службен јазик | молдавски, руски, украински | |||||
Народности (2005) | 32% Молдавци 31% Руси 29% Украинци |
|||||
Уредување | Претседателска република | |||||
• | Претседател | Игор Смирнов | ||||
Де факто Независност | ||||||
• | Декларација за независност на Приднестровие | 2 септември 1990 | ||||
• | Војна во Приднестровие | 2 март - 21 јули 1992 | ||||
• | Признавање | |||||
• | Вода (%) | 2.35 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2007 г. | 537,000[1] | ||||
• | Попис 2004 | 555,347 | ||||
• | Густина | 133 жит/км2 | ||||
Валута | Приднестарска рубља1 | |||||
Часовен појас | (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC+3) | ||||
НДД | нема2 | |||||
Повик. бр. | 373 | |||||
1. | Молдавска леа се употребува како парична единица во територијата под Молдавска контрола. and in the security zone | |||||
2. | Се употребуваат .com, .ru и .md (понекогаш). |
Приднестровие е уредена како претседателска република и има свој устав. Според уставот службени јазици се молдавскиот (кирилица), рускиот и украинскиот. Главен град на републиката е Тираспол кој има 159.000 жители. Други поголеми градови се Дубасари и Бендери.