Прицкерова награда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прицкерова награда за архитектура (англиски: Pritzker Architecture Prize) — награда што се доделува секоја година од задолжбината „Хајат“ во признание за „жив архитект чии изградени дела покажуваат спој од талент, визија и посветеност, чии дела даваат постојан и значаен придонес кон човештвото и изградената околина со својата архитектурата како уметност.“[1]
Прицкерова награда за архитектура | |
---|---|
Лице на медалот | |
Опис | кариера што бележи достигнувања во архитектурата |
Покровител | задолжбина „Хајат“ |
Држава | Соединети Американски Држави |
Награда/и | 100.000 долари |
Прво доделување | 1979 |
Последно доделување | 2024 |
Мрежно место | pritzkerprize.com |
Наградата ја вовел претприемачот Џеј Прицкер во 1979 г. а денес за неа е одговорно семејството Прицкер.[2][3] Ова е водечката награда за архитектура во светот. Таа се доделува „без оглед на националност, расна припадност, вероисповед или идеологија.“
Дел од критериумот за доделување на наградата е иновативниот квалитет на архитектот, како и како и префинетоста на архитектонската мисла со која се остварени делата. Своја улога играат и придонесите кон интеграцијата на добрата употреба на градежна технологија.
Добитникот на наградата прима 100.000 американски долари, но уште поважна е светската слава и понатамошниот интерес од важни клиенти. Прицкеровата награда се смета и за нешто како „Нобелова награда за архитектура.“
Во Скопје постојат низа архитектонски дела од Прицкеровиот лауреат Кензо Танге.