Рајан Гигс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рајан Џозеф Гигс (р. 29 ноември 1973 во Кантон, Кардиф) — велшки пензиониран професионален фудбалер, кој целата своја професионална кариера ја помина во Манчестер Јунајтед. Тој се докажа како лево крило за време на 1990-тите и прдолжи да игра добро на оваа позиција и во почетокот на двеилјадитата година, но беше сè повеќе и повеќе употребуван и подлабоко во плејмејкерска улога во неговите подоцнежни години. Гигс е најодликуваниот играч во англиската фудбалска историја. На 16 мај 2009 година, стана првиот фудбалер кој освоил 11 шампионски медали во Англиската најквалитетна лига. Гигс беше првиoт фудбалер во историјата што освои двe последователни награди (1992 и 1993 година) за младински играч на годината од Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија, и е единствениот фудбалер што има играно и постигнувано голови во секоја сезона на Премиер лигата. Гигс има долготрајна домашна и континентална кариера и е единствениот фудбалер во историјата на УЕФА Лигата на шампиони што има постигнато голови во 11 последователни сезони, и како резултат на тоа е избран во тимот на векот во 2007 година од страна на асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија, во тимот на декадата во Премиер лигата, во 2003 година, како и во тимот на векот во ФА купот. Тој е исто така единствениот играч на Јунајтед кој има играно во сите 11 тимови на Јунајтед кои ја освоиле Премиер лигата икако и првите три тима тима кои го освоиле Лига купот. Во финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2008 година, одржано на 21 мај 2008 година, Гигс го надмина рекордот на Сер Боби Чарлтон со 758 настапи за Манчестер Јунајтед и стана клупски водач во настапи на сите времиња.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Рајан Гигс | |||
---|---|---|---|
Гигс во 2010. | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Рајан Џозеф Гигс[1] | ||
Роден на | 29 ноември 1973(1973-11-29) (50 г.) | ||
Роден во | Кардиф, Велс | ||
Висина | 1.79 м (5 ст 10 ин)[2] | ||
Позиција | Среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
Манчестер Јунајтед (привремен играч-тренер) | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
1985–1987 | Манчестер Сити | ||
1987–1990 | Манчестер Јунајтед | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1990– | Манчестер Јунајтед | 672 | (114) |
Репрезентација ‡ | |||
1989 | Англија до 16 години | 1 | (1) |
1989 | Велс до 18 години | 3 | (0) |
1991 | Велс до 21 година[3] | 1 | (0) |
1991–2007 | Велс | 64 | (12) |
2012 | Велика Британија | 4 | (1) |
Тренер на екипи | |||
2014– | Манчестер Јунајтед (привремен играч-тренер) | ||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 26 март ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 20 јули |
На интернационално ниво, Гигс играше за репрезентацијата на Велс сè до неговото пензионирање од меѓународниот фудбал на 2 јуни 2007 година, и еднаш беше најмладиот фудбалер кој некогаш ја претставувал својата држава. Во збирката на многуте почести кои Гигс ги доби со фудбалот како што е да се биде именуван во 100-те легенди на Фудбалската лига (тој е единствен активен фудбалер на листата), тој беше избран за Офицер на Редот на Британската Империја во листата за почести за роденденот на Кралицата во 2007 година, и беше внесен во Куќата на славните на Англискиот фудбал во 2005 година, за неговата улога во Англискиот фудбал. Тој беше именуван како BBC Спортска личност на годината во 2009 година.