Свети Мартин (остров)
остров во Карипското Море / From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Мартин (француски: Saint-Martin; холандски: Sint Maarten) — остров во североисточно Карипско Море, на околу 300 километри источно од Порторико. Островот има вкупна површина од 87 км2 и е поделен на меѓу Франција и Кралство Холандија, каде Франција зазела 53 км2[1], а Кралството Холандија има 34 км2[2]. Иако Холандија има помала територија, сепак холандскиот дел е понаселен. Свети Мартин е еден од најмалите поделени региони меѓу две нации и поделбата датира од 1648 година. Северниот дел е од Франција и се вика Колектив Свети Мартин, а додека јужниот дел е од Кралството Холандија и се нарекува Уставна држава Свети Мартин. На 1 јануари 2007 година, островот имал население од 74,852 жители, од кои 38,927 живееле во холандскиот дел[3], а 35,925 живееле во францускиот дел.[4]
Sint Maarten (холандски) Saint-Martin (француски) Наречен и: Пријателскиот остров | |
---|---|
Географија | |
Место | Карипско Море |
Координати | 18°04′N 63°03′W |
Архипелаг | Мали Антили |
Површина | 87 км2 |
Највисоко издигнување | 414 м |
Највисока точка | Пик Парадис |
Управување | |
Кралство Холандија | |
уставна држава | Свети Мартин (Холандија) |
Најголема населба | Лоуер Принс Квартер (pop. 8,123) |
Франција | |
прекуморска заедница | Свети Мартин (Франција) |
Најголема населба населба | Мариго (pop. 5,700) |
Демографија | |
Население | 74,852 (1.1. 2007) |
Густина | 860 /km2 (2.230 /sq mi) |