Светско првенство во друмски велосипедизам 2017
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светско првенство во друмски велосипедизам 2017 — 90. издание на светското првенство кое се одржувало во градот Берген, Норвешка, од 17 до 24 септември 2017.[1]
Светско првенство во друмски велосипедизам 2017 | |
Организатор | Меѓународен велосипедистички сојуз |
Спорт | Друмски велосипедизам |
Домаќин | Берген, Норвешка |
Временски период | 17–24 септември 2017 |
Издание | 90. |
Земји кои учествуваат | 47 |
Настани | 12 |
Мрежно место | bergen2017.no |
Карта | |
< Доха 2016 | Инсбрук 2018 > |
Првенството се состоело од 12 настани за сениори, јуниори и до 23 години, меѓу кои една друмска трка, екипни хронометри, како и по еден поединечен хронометар за мажи и жени, како и друмски трки и поединечни хронометри за возачите до 23 години, јуниорите и јуниорките.
Норвешка била домаќин вторпат на светското првенство, по Осло (1993).
Шантал Блак од Холандија ја освоила женската друмска трка,[2] додека Петер Саган од Словачка ја освоил машката друмска трка. Саган станал прв кој освоил три последователни првенства.[3]