Тврд диск
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тврд диск (англ. hard disk) — носител за трајно складирање и понатамошно користење на податоци. Тврдиот диск може да биде внатрешен или надворешен и има капацитет од неколку стотини гигабајти (GB). Се состои од алуминиумски плочи (од З до 5) обложени со магнетно чувствителен материјал, глава за читање/запишување (сместени во херметички затворена кутија) и интерфејс (што се вика и контролор) за врска со централниот систем.
Внатрешност на погон на тврд диск | |
Изумено | 24 декември 1954[1] [2] |
---|---|
Изумител | Екипа IBM на чело со Рејнолд Џонсон |
Тврд диск овозможува запишување и читање на податоци со произволен пристап. Капацитетот на складираните податоци се мери со мегабајти и гигабајти. Главите за читање и за запишување лебдат над плочите додека тие се ротираат со огромни брзини (околу 7200 вртежи во минута). Дискот е чувствителен на надворешните влијанија па е затворен во метална кутија.