Територијални претензии врз Антарктикот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Територијални претензии на Антарктик — политички тврдења на различни земји дека постигнале суверенитет над некои од териториите на Антарктикот или јужнополарниот регион околу овој континент. Во моментов, таквите барања се однесуваат само на оние територии сместени јужно од паралелата 60° и има седум држави кои поднеле барања пред стапувањето во сила на Антарктичкиот договор. Тоа се: Обединетото Кралство, Норвешка, Австралија, Франција, Нов Зеланд, Чиле и Аргентина.[1]