Тирено-Адријатико
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тирено-Адријатико (неофицијално наречена и Трка на две мориња) — елитна велосипедска етапна трка помеѓу бреговите на Тиренско и Јадранско Море во Италија. Традиционално се одржува во почетокот на сезоната и се смета за важна подготовка за класичната трка Милано-Санремо. Од 2005 до 2007, била дел од календарот на UCI ProTour, и иако била класификувана во 2008 како настан од европската турнеја, кога организаторот RCS ги повлекол сите негови настани од примарниот календар на UCI, трката станала дел од календарот на Светски ранкинг на UCI следната година.
Датум | средина на март |
---|---|
Регион | Италија |
Месно име | Tirreno–Adriatico (италијански) |
Прекар | Трка на две мориња |
Дисциплина | Друмски |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Етапна трка |
Организатор | RCS Sport |
Прво одржување | 1966 (1966) |
Одржувања | 57 (до 2022) |
Прв победник | Дино Ѕандегу (ИТА) |
Најмногу победи | Роже де Влеминк (БЕЛ) (6 победи) |
Неодамнешен победник | Тадеј Погачар (СЛО) |
Првпат била одржана во 1966 и тоа издание се состоело од 3 етапи, кои веќе од наредното издание на трката станале 5 до 1984. Од 1984 трката се состоела од 6, 7 или 8 етапи; меѓутоа, од 2002 станала седумдневна трка. Од второто издание на трката секогаш завршува во Сан Бенедето дел Тронто.[1]
Со освојување на шест последователни изданија (1972–77), Роже де Влеминк го држи рекордот по број на освоени победи.[1]
Таа е една од неколкуте велосипедски трки, на која Еди Меркс нема остварено победа.[2][3]