Тириншка Шума
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тириншка Шума (германски: Thüringer Wald) — подрачје со возвишенија кое се протега од северозапад кон југоисток, создавајќи непрекината верига од стари заоблени планини, предизвикувајќи големи потешкотии во сообраќајните рути, овозможувајќи само неколку можни премини во германската покраина Тирингија. Долга е околу 120 километри и 35 километри широка. Највисока точка е Гросер Берберг (Großer Beerberg) со 982 метри.
Ренштајг (Rennsteig, понекогаш нарекуван Rennweg) — древна патека која ги следи врвовите долж главниот срт. Сега е позната патека за планинарење и ја обележува традиционалната граница помеѓу доминантниот терен на ридови во средишна Германија и поостриот терен во јужна Германија, граница помеѓу средишна/северна Тирингија и Франконија. Дијалектите и традиционалните облеки се различни на секоја страна на Ренштајг. Ренштајг е исто така предмет на обработка во песната Rennsteiglied, неофицијалната химна на Тирингија.
Тириншката Шума е позната по замокот Вартбург, во близина на Ајзенах (каде Мартин Лутер престојувал некое време во прогонсво) и целогодишниот туризам, вклучувајќи ги многуте центри за зимски спортови.
Геолошки, Тириншката Шума е дефинирана како појас на многу возвишенија и деформирани метаморфни и магматни карпи, кои ги делат од релативни рамните седиментни рамнини на Thüringer Becken (на североисток) од сличните карпести форми во долината на Вера (на југозапад). Реката Шварца, следејќи ја оската на антиклиналата на Шварцбург (Schwarzburger Sattel), ја дели Тириншката Шума од шкрилните ридови на Тирингија и Франконија на југоисток.[1] Рудните богатства имале важна историска важност во развојот на регионот, на пример во Зул[2] и Илменау.[3]