Тропска година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тропска година, синодичка година или сончева година (365 д 5 ч 48 мин 46 с = 365,24219 д) – е времето меѓу две последователни поминувања на Сонцето низ пролетната точка. Ѕвездената година е важна во механиката на движење на планетите, додека тропската година е раздобје во кое се менуваат годишните времиња и е важна за секојдневниот живот. Нивната разлика е предизвиката од прецесијата на Земјата.[1] Земјината прецесија доведува до разлика меѓу тропската (сончева) и ѕвездената (сидеричка) година. Ѕвездената година е времето потребно Сонцето на небесната сфера да помине полн агол, или со други зборови, времето на обиколување на Земјата околу Сонцето во однос на некој зададен правец во просторот (на пр. во однос на пролетната точка). Кај тропската година Сонцето поминува на небесна сферанебесната сфера агол кој од полниот агол е помал колку што изнесува Земјината прецесија. Аголот од 360° - 50,25" Сонцето го поминува за времетраење на тропската година од 365,2422 дена, а аголот од 360° за време на ѕвездената година. Ѕвездената година е подолга од тропската околу 20 минути.