Трчање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трчање[1][2] — начин на земно движење што им овозможува на луѓето и животните да се движат многу брзо. Трчањето е вид одење што се одликува со воздушна фаза, при која стапалата се над земјата, иако постојат исклучоци.[3] Ова е спротивно на одењето, каде едното стапало е секогаш во допир со земјата, нозете вообичаено се одржуваат исправени, додека тежиштето е над лакот на стапалото во стил на превртено нишало.[4] Посебна особина на телото за време на трчањето од гледна точка на промена на кинетичката и потенцијалната енергија во чекорот, што се јавува истовремено, додека чувањето на енергија се исполнува со флексибилни тетиви и еластичност на неактивните мускули.[5] Поимот трчање може да се однесува на која било варијанта на движење со поголема брзина од вообичаеното одење, од џогирање до спринт.
Се проценува дека предците на современите луѓе развиле способност да трчаат пред околу 2,6 милиони години, веројатно со цел да ловат животни.[6] Трчањето во натпреварувачка смисла се развило на бројни верски празници. Првиот запис за натпреварување во трчање датира од Талтанските игри во Ирска во 1829 г. пр. н. е.,[7] додека на Олимписките игри трчањето за прв пат било воведено во 776 г. пр. н. е. Трчањето е опишано како најдостапен спорт.[8]