Тур де Франс 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур де Франс 2012 бил 99. Тур де Франс. Започнал во белгискиот град Лиеж[1][2] и завршил традиционално на Шанзелизе во Париз. Покрај прологот и две друмски етапи се возеле низ Белгија, додека една етапа завршила во Швајцарија.
Светска турнеја на UCI 2012, трка 18 од 29 | |||
Рута на Тур де Франс 2012 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 30 јуни – 22 јули | ||
Етапи | 20 + пролог | ||
Растојание | 3.496,9 км | ||
Време | 87ч 34′ 47″ (39,93 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Бредли Вигинс (ВБР) | (Тим Скај) | |
Втор | Крис Фрум (ВБР) | (Тим Скај) | |
Трет | Винченцо Нибали (ИТА) | (Ликвигас-Канондејл) | |
Бодовен | Петер Саган (СВК) | (Ликвигас-Канондејл) | |
Планински | Тома Веклер (ФРА) | (Тим Јуропкар) | |
Младински | Тиџеј ван Гардерен (САД) | (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) | |
Екипен | РадиоШек-Нисан | ||
← 2011 2013 → |
Рутата била случајно објавена од ASO на нивната официјална страница на 10 октомври 2011,[3] осум дена пред официјалната презентација. Рутата вклучувала вкупно 101,1 километар[4] во поединечни хронометри и три завршници на нагорнини: Ла Планш де Бел Фил (етапа 7), Ла Тусуар - Ле Сибел (етапа 11) и Пејрагудс (етапа 17). Кол ду Гран Коломбје, искачување кое претходно било возено на Критериум ду Дофине, Тур де л’Авенир и Тур де л’Ен, било вклучено за првпат и било помеѓу шесте категоризирани искачувања од екстра категорија на Алпите и Пиринеите.[5]
Бредли Вигинс (Тим Скај) го освоил генералниот пласман на трката, со предност од 3' 21" пред сонародникот и колегата Крис Фрум. Тие станале први британски возачи кои завршиле помеѓу првите тројца во генералниот пласман. Жолтата маичка била носена во текот на првата недела од Швајцарецот Фабијан Канчелара (РадиоШек-Нисан), кој го освоил прологот.[6] Вигинс, втор на прологот, го преземал водството на трката на етапата 7, првата планинска етапа, која била освоена од Фрум,[7] и го одржал неговото водство до крајот на трката, победувајќи на двата долги хронометри и не губејќи воопшто време пред главните соперници на ниедна етапа во планините. Фрум бил втор на обата хронометра и бил заедно или малку подобар од Вигинс на планинските етапи. Третото место во генералниот пласман му припаднало на Италијанецот Винченцо Нибали (Ликвигас-Канондејл), единствениот возач, кој постојано го држел темпото на Вигинс и Фрум во планините.
Бодовниот пласман бил освоен од словачкиот колега на Нибали Петер Саган, кој имал најмногу освоени бодови на целата трка. Саган освоил три етапи и бил втор или трет на уште четири: германскиот спринтер Андре Грајпел од Лото-Белисол и светскиот првак Марк Кевендиш, уште еден британски возач од Тим Скај, обата исто така освоиле по три етапи, но не биле толку присутни на другите спринтови. Францускиот возач од Тим Јуропкар Тома Веклер, победник на две планински етапи и освојувач на седум последователни врвови, го освоил планинскиот пласман, а американскиот возач од Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тиџеј ван Гардерен, петти во вкупниот пласман, ја освоил наградата за најдобар млад возач, додека екипниот пласман бил освоен од страна на екипата РадиоШек-Нисан, а Крис Анкер Серенсен ја добил наградата за најборбен возач.