Тур де Франс 2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур де Франс 2014 — 101. издание на најпознатата велосипедска трка Тур де Франс. Започнало во Лидс, Англија, на 5 јули 2014, а поминала и низ Лондон, пред да се врати во Франција.[1][2][3] Трката традиционално завршила на Шанзелизе во Париз на 27 јули.
Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...
Светска турнеја на UCI 2014, трка 18 од 29 | |||
Рута на Тур де Франс 2014 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 5 јули 2014 (2014-07-05)–27 јули 2014 (2014-07-27) | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.663,5 км | ||
Време | 89ч 59' 06" (25,3 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Винченцо Нибали (ИТА) | (Астана) | |
Втор | Жан Кристоф Перо (ФРА) | (Аг2р-Ла Мондијал) | |
Трет | Тибо Пино (ФРА) | (FDJ.fr) | |
Бодовен | Петер Саган (СВК) | (Канондејл) | |
Планински | Рафал Мајка (ПОЛ) | (Тинкоф-Саксо) | |
Младински | Тибо Пино (ФРА) | (Аг2р-Ла Мондијал) | |
Екипен | Аг2р-Ла Мондијал | ||
← 2013 2015 → |
Затвори
Трката претставувала осумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја и втора голема трка оваа година.
Победник на трката бил Италијанецот Винченцо Нибали, кој ја освоил трката со предност од седум минути и 37 секунди пред второпласираниот Жан Кристоф Перо, најголема победничка разлика од 1997 година.