Фудбалска репрезентација на Фарски Острови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалска репрезентација на Фарски Острови (фарски: Føroyska fótbóltsmanslandsliðið; дански: Færøernes fodboldlandshold), ги претставува Фарските острови во фудбалот и е контролирана Фудбалската асоцијација на Фарски Острови. Фарските острови станале членка на ФИФА во 1988 година и УЕФА во 1990 година и е четврта најмала земја на УЕФА по население.[1]
Прекари(и) | Landsliðið (Ландслитит; Репрезентацијата) | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фотболсамбанд Фороја | ||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Накан Ериксон | ||
Капитен | Гунар Нилсен | ||
Најмногу настапи | Фроти Бенјаминсен (94) | ||
Најдобар стрелец | Рогви Јакобсен (10) | ||
Домашен стадион | Торсволур | ||
| |||
Фарските острови никогаш не учествувале на завршницата на Светското првенство или Европското првенство. Тие учествувале на Островските игри во 1989 и 1991 година и ги освоиле двата турнира. Тие, исто така, учествувале на Нордиското фудбалско првенство за првпат во периодот 2000/01 година, последен пат кога се играло натпреварувањето. На Фарските острови, репрезентацијата е позната како „Ланслитит“. Домашните натпревари ги играат на Стадионот Торсволур.