Јапонски ариш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јапонскиот ариш (науч. Larix kaempferi); јапонски: 唐松, карамацу) — вид на ариш со потекло од Јапонија, поточно од планинските предели на регионите Чубу и Канто во средишниот дел на Хоншу. Присутен е и во Македонија, каде е воведен во 1950-тите.[1][2]
Јапонски ариш | |
---|---|
Кора и листови | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Четинари |
Класа: | Четинари |
Ред: | Боровидни |
Семејство: | Борови |
Род: | Ариши |
Вид: | Јапонски ариш |
Научен назив | |
Larix kaempferi (Lamb.) Carr. | |
Синоними | |
Larix leptolepis Siebold & Zucc. |
Ова е листопадно иглолисно дрво, средно до високо по големина, достигнувајќи височина до 20-40 м, со пречник на трупот до 1 м. Крошната му е широка и конусна; главните и гранки му се хоризонтални, а страничните исто така, со ретки исклучоци. Фиданките му се диморфични, со тоа што растот се дели на долги фиданки (10-50 см) со неколку пупки, и кратки фиданки (1-2 мм) со само една пупка. Листовите му се иглични, светло-синозелени, со должина од 2-5 см; пред да паднат на есен стануваат светлжолти до портокалови, така оставајќи ги розово-кафените фиданки голи сѐ до следната пролет.[2]
Шишарките им се исправени, јајчесто-конусни, со должина од 2-3,5 см, и со 30-50 семени лушпи свиени на рабовите; во младоста тие се зелени, а кога ќе созреат се отвораат и ги пуштаат семињата, што се случува 4-6 месеци по опрашувањето. Старите шишарки остануваат на дрвото долги години, и по боја се сиво-црни.[2]
Дрвото вирее на надморска височина од 500-2.900 м на добро исцедена почва, и избегнува расквасена земја.
Научниот назив дрвото го носи во чест на германскиот природонаучник Енгелберт Кемпфер. Дрвото е познато и по синонимот Larix leptolepis.