Јастреб врапчар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јастреб врапчар (науч. Accipiter nisus) — мала граблива птица од семејството на јастребите (Accipitridae) со кратки, но широки крилја, и долга опашка. Двете прилагодувања помагаат за маневрирање низ дрвја. Женките можат да бидат и до 25% поголеми од мажјаците,[2] со тежина двојно поголема од нивната.[3] Кога женките се поголеми од мажјаците, познато е како обратен полов диморфизам. Птицата е присутна и во Македонија.
Јастреб врапчар | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни |
Семејство: | Јастреби |
Род: | Јастреб |
Вид: | Јастреб врапчар |
Научен назив | |
Accipiter nisus (Linnaeus, 1758) | |
Подврсти | |
A. n. granti | |
Летно живеалиште Постојано живеалиште Зимско живеалиште |
Возрасниот мажјак е долг 29–34 см, со распон на крилја од 59 до 64 см,[2] и маса од 110 до 196 г.[4] Има сиви горни делови (понекогаш посинуваат), со фини црвени долни делови кои од далечина можат да изгледаат портокалово; неговите ириси се портокалово-црвени. Женката е многу поголема со 35–41 см во должина, распон на крилјата од 67–80 см,[2] и маса од 185–342 г.[4] Таа има темнокафени или сино-кафени горни делови, кафени долни делови, и светложолти, или портокалови ириси. Младите се кафени во горниот дел,и боја која наликува на 'рѓа во долниот дел;[5]