Авињонско папство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Авињонско папство е периодот во историјата на римокатоличката црква од 1305 до 1378, кога папска престолнина бил градот Авињон во Франција. Францускиот крал Филип IV Убавиот успеал да се наметне при изборот на францускиот кардинал Климент V за папа и да ја премести папската столица во Авињон. Во тој период, папството и францускиот кралски двор соработувале до 1342, а потоа следувало силно влијание на францускиот двор до 1378. Во 1378, папата повторно се преселил во Рим, но тогаш настанала поделба и дошло до Западната шизма (1378-1417).