Римокатоличка црква
From Wikipedia, the free encyclopedia
Римокатоличката црква е една од основните форми на христијанската вероисповед и ги вклучува сите цркви, кои го признаваат врховенството на римскиот папа. Како и повеќето други христијански цркви, и Римокатоличката црква себеси се смета за наследник и продолжувач на првобитната црква, основана од Исус Христос. Римокатоличката и Источно-православната црква се разделуваат на две посебни за време на Источно-zападната шизма во 1054 година. И двете цркви се приемници на првичната Христова црква, но традициите и богослужбата кај двете цркви се различни.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Друга суштествена разлика меѓу двете цркви е и фактот што за разлика од Источно-православната црква, чиј врховен поглавар (Вселенски патријарх) може да биде само Грк по народност (и тоа, според постојните турски закони, само доколку е роден во Турција), во Римокатоличката црква Папата може да биде од било која народност.