Историја на христијанството
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на христијанството се однесува на христијанската религија и христијанската црква, чии почетоци започнуваат од мисионерството на Исус Христос и неговите дванаесет апостоли сè до ден-денес. Христијанството е аврамска религија. Таа се разликува значително од другите религии по тврдењето дека Исус Христос е Син Божји. Огромен дел од христијанските верници веруваат во Светото Тројство, кое се состои од три одделни лица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Инаку, постојат и разлики помеѓу различните христијански вери во однос на Светото Тројство и човечката природа на Исус. Овие разлики продолжуваат и ден-денес.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Во многу христијански вероисповеди, црквата се разбира како теолошка институција која била основана од Исус за спас на човештвото. Ова разбирање се споделува помеѓу Католичката и Православната црква. Во католичката традиција, Католичката црква го претставува Телото на Христос[1][2], додека Протестанската смета дека Телото на Христос го сочинува целиот христијански народ. Според други, црквата претставува место за собир на верниците на едно место и нивно обединување.
Историјата на христијанството започнува во I век во Ерусалим. Како државна религија за првпат била воведена во Ерменија во 301 или 314 година, во Етиопија во 325 година, Грузија во 337 година, Римско Царство во 380. Во текот на својата историја, христијанството се раширило скоро по целиот свет и денес, таа е најголемата религија со најмногу верници на светот. Во својата историја, дошло и до различни религиозни спорови и тие довеле до создавање на различни гледања на христијанството. Денес, најголеми христијански цркви се Римокатоличка црква и Православната црква.