Црква на Англија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црквата на Англија или Англиканска црква (англиски: [Church of England] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) е христијанска црква[2] во Англија и матична црква на англиканските цркви ширум светот.
Црква на Англија Church of England | |
---|---|
Врховен управник | Чарлс III |
Поглавар | Џастин Велби, Архиепископ Кантербериски |
Седиште | Черч Хаус, Вестминстер, Лондон |
Територија | Англија Ман · Каналски Острови Гибралтар · континентална Европа |
Верници | 26 милиони покрстени[1] |
Мреж. место | www.churchofengland.org |
Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.[3] Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни начела од реформацијата од XVI век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на реформацијата.[3]
Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на кралот Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископ Кантербериски кој е поглавар на црквата. Моментален архиепископ е Џастин Велби (2013-).