Адвентисти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црквата на Адвентистите од седмиот ден претставува протестантска црква распространета по целиот христијански свет. Најзначајни доктрини на Адвентистите на седмиот ден се учењето за Второто пришествие на Исус Христос, Божјиот морален закон, здравствените принципим семејните вредности, воспитувањето, пророчките настани, обредите; крштевањето, обредот на понизност и Вечера Господова. Зборот адвентист потекнува од латинскиот збор adventus - пришествие, доаѓање - и се однесува на оние кои го очекуваат Исуса Христа да дојде по вторпат, туку во историјата постоеле поединци кои се обидувале да ја предвидат годината, па дури и денот на ова враќање, и покрај тоа што во Библијата се вели: „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец“ (Мат. 24, 36). Иако „адвентизмот“ е честа тема меѓу многу протестантски групи, особено кај оние под „пентекосталното влијание“ адвентистичкото движење се јавило во XIX век обидувајќи се точно да го предвидат датумот на Второто Христово пришествие.
Црква на Адвентистите од седмиот ден | |
---|---|
Класификација | Протестантство |
Правец | Адвентизам |
Претседател | Тед Вилсон |
Основач | Џозер Бејтс, Џејмс Вајт, Елен Г. Вајт |
Потекло | 21 мај 1863 Батл Крик, Мичиген, САД. |
Заедници | 68,225 цркви, 63,800 компании |
Свештенослужители | 16,949[1] |
Болници | 167[1] |
Старечки домови | 138[1] |
Добротворни организации | Adventist Development and Relief Agency |
Основни училишта | 5,899[1] |
Средни училишта | 1,748[1] |
Високообразовни установи | 111[1] |
Други називи | Adventist church, SDA (informal) |