Александар Ранковиќ
југословенски политичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Ранковиќ (псевдоним Лека, српски: Александар Ранковић}}, роден на 28 ноември 1909 - починал на 19 август 1983 ) — југословенски комунист од српско потекло, кој се смета за трет најмоќен човек во Југославија по Јосип Броз Тито и Едвард Кардељ[1]. Ранковиќ бил застапник на централизирана Југославија и се спротивставил на напорите што ја промовирале децентрализацијата за која сметал дека е против интересите на српскиот народ[2], тврдејќи дека Србите имаат силно присуство во номенклатурата на српската Социјалистичка Автономна Покраина Косово[2]. Ранковиќ предупредувал на сепаратистичките сили во Косово, кои биле најчесто осомничени дека извршуваат заводливи активности[3].
Александар Ранковиќ | |
---|---|
Прв Потпретседател на Југославија | |
На должноста 30 јуни 1963 – 1 јули 1966 | |
Претседател | Јосип Броз Тито |
Претходник | нема |
Наследник | Коча Поповиќ |
Заменик премиер на Југославија | |
На должноста 1 април 1949 – 18 април 1963 | |
Премиер | Јосип Броз Тито |
Претходник | Јаша Продановиќ |
Наследник | Светислав Стефановиќ |
Министер за внатрешни работи | |
На должноста 2 февруари 1946 – 14 јануари 1953 | |
Премиер | Јосип Брос Тито |
Претходник | Влада Зечевиќ |
Наследник | Светислав Стефановиќ |
Шеф на ОЗНА | |
На должноста 13 мај 1944 – март 1946 | |
Потпретседател на Собранието на Србија | |
На должноста ноември 1944 – јануари 1946 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 ноември 1909(1909-11-28) Дражевац, Србија |
Починал(а) | 19 август 1983(1983-08-19) (возр. 73) Дубровник, Хрватска, СФРЈ |
Почивалиште | Нови гробишта, Белград, Србија |
Националност | Србија |
Партија | КПЈ (1928–1966) |
Сопружник | Анѓа Ранковиќ (в. 1935; нејзина смрт 1942) Славка Ранковиќ (в. 1946; нејзина смрт 1983) |
Деца | 2 |
Занимање | политичар, војник |
Награди | Орден на народен херојОрден на социјалистички трудОрден на народното ослободување |
Воена служба | |
Прекар | ЛЕка, Марко |
Припадност | Предлошка:Country data Democratic Federal Yugoslavia |
Род | Југословенски партизани |
Траење | 1941–1945 |
Чин | Генерал-полковник |
Битки/војни | Југославија во Втората светска војна |
Популарноста на Ранковиќ во Србија станала очигледна на неговиот погреб во 1983 година, на која присуствувале голем број луѓе. Многумина сметаат дека Ранковиќ е српски национален водач[4]. Политиките на Ранковиќ се сметаат за основа на политиката на Слободан Милошевиќ[4].