Јосип Броз-Тито
југословенски револуционер и политичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јосип Броз-Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz - Tito, Кумровец, 7 мај 1892 — Љубљана, 4 мај 1980 ) — југословенски комунистички политичар и доживотен диктатор на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.[1] Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на Партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил Премиер на Југославија, а подоцна и Претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.
Јосип Броз-Тито | ||
Роден | Јосип Броз 7 мај 1892 Кумровец, Австроунгарија | |
---|---|---|
Починал | 4 мај 1980 Љубљана, Југославија гангрена и сепса | |
Националност | Југословен | |
Познат | Претседател и маршал на СФРЈ | |
Занимање | машинобравар | |
Сопружник | Пелагија Броз, Херта Хас, Јованка Броз (последна) | |
Деца | два сина, Жарко и Миша Броз |
Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.