Англиски јазик
западногермански јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Англиски јазик (самонар. English language) — западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска, Канада, Комонвелтските Кариби, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД (групно наречени Англосфера). Во голема мера се користи како втор јазик и како службен јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, ЈАР, Пакистан и Шри Ланка и од многу меѓународни организации.
Англиски | |
---|---|
English | |
Изговор | /ˈɪŋɡlɪʃ/ [1] |
Застапен во | наведени во статијата |
Говорници | Прв јазик: 309[2] – 380 милиони[3] Втор јазик: 199[4] – 600 милиони Вкупно: 1,8 милијарди[5] |
Јазично семејство | |
Писмо | латиница (англиска варијанта) |
Статус | |
Службен во | 53 земји ООН |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | en |
ISO 639-2 | eng |
ISO 639-3 | eng |
Современиот англиски јазик може да се рече дека е лингва франка.[6][7] Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата.[3] Влијанието на Британската Империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови.[5] По Втората светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот.
Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем основно. Англискиот е еден од шесте службени јазици на Обединетите Нации.