Јазично семејство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јазично семејство е поим што се користи во лингвистиката да се означи група јазици кои се генетски поврзани и потекнуваат од еден заеднички прајазик. Името потекнува од моделот „јазично стебло“ од историската лингвистика, каде се прави метафора меѓу сродноста на јазиците и сродноста на луѓето.
Според податоците на Ethnologue од 2009 година, во светот има 6.909 живи јазици.[1] Еден јазик се определува за „жив“ ако истиот се користи како основно средство за општење кај одредена група на луѓе. Точниот број на живите јазици во светот варира од 5.000 до 10.000, во зависност од тоа што се подразбира под дефиницијата „јазик“ и како да се класифицираат дијалектите. Покрај живите јазици, постојат голем број на мртви и исчезнати јазици.