Баталјон „Спарта“
From Wikipedia, the free encyclopedia
Баталјон „Спарта“ (руски: батальон «Спарта») — воена единица на народна милиција на проруската Донечка Народна Република во источна Украина. Тие биле вклучени во руските вооружени сили во 2022 година. Единицата се борела против вооружените сили на Украина во Војната во Донбас и Руската инвазија во 2022 година. Била создадена во 2014 година, првично била предводена од Русинот Арсен Павлов (наречен „Моторола“) до неговата смрт во октомври 2016 година, а потоа од Владимир Жога (наречен „Воха“), од Славјанск,[1] до неговата смрт во март 2022.[2]
Баталјон „Спарта“ | |
---|---|
Батальон «Спарта» | |
Service sleeve insignia of the Sparta Battalion | |
Активна | 2014 – денес |
Припадност | Русија |
Род | Народна милиција на ДНР (2014-2022) Руски вооружени сили (2022-денес) |
Улога | Специјални сили |
Големина | Околу 8.612 војници |
Штаб | Донецк |
Прекари | Моторолова дивизија |
Битки | Војна во Донбас Руска инвазија на Украина (2022) |
Команданти | |
Тековен командант | Артем Жога |
Истакнати команданти | Арсен Павлов † Владимир Жога † |
Обележја | |
Алтернативни ознаки на ракавите | |
Знаме на баталјонот Спарта |
Баталјонот учествувал во Bитката кај Иловајск, Втората битка на Донецкиот аеродром и неколку помали.[3][4] Според Foreign Policy, Баталјонот „Спарта“ има „углед на немилосрдност“.[5] Баталјонот извршил воени злосторства во Донбас и е опишан како руска ултранационалистичка група.[6][7]