Руски јазик
источнословенски јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Руски јазик (руски: русский язык) — источнословенски јазик, од групата на словенски јазици од семејството на индоевропски јазици. Рускиот јазик е мајчин јазик на Русите, и национален јазик на Русија. Јазикот е службен и во Белорусија, Украина, Казахстан и Киргистан, а се зборува на високо ниво во сите држави од поранешниот Советски Сојуз.[16][17] Рускиот јазик потекнува од староисточнословенскиот јазик и денес е најголем словенски јазик во светот со 150 милиони говорници. Јазикот се пишува на кирилица, поточно на руската азбука.
Руски јазик | |||
---|---|---|---|
Русский язык | |||
Изговор | [ˈruskʲɪj jɪˈzɨk] | ||
Застапен во | Русија, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Германија, Израел, САД, Канада, и останатата руска дијаспора | ||
Говорници | 150 милиони (2010)[1] 110 милиони како втор јазик (нема датум)[2] | ||
Јазично семејство | |||
Претходни облици: | староисточнословенски
| ||
Писмо | руска азбука | ||
Статус | |||
Службен во | Список
| ||
Признаен како малцински во | Список
| ||
Регулативен орган | Институт за руски јазик[15] при Руската академија на науките | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | ru | ||
ISO 639-2 | rus | ||
ISO 639-3 | rus | ||
Linguasphere | 53-AAA-ea < 53-AAA-e (верзии: 53-AAA-eaa до 53-AAA-eat) | ||
Рускиот во Евроазија
мнозински јазик
малцински јазик | |||
|
Руски јазик | |
Писмо | кирилица |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Все люди рождаются свободными и равными в своём достоинстве и правах. Они наделены разумом и совестью и должны поступать в отношении друг друга в духе братства. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
Рускиот е најраспространет јазик во Евроазија. Исто така, рускиот е најголем мајчин јазик во Европа и осми најголем јазик во светот по бројот на луѓе чиј овој јазик е мајчин, а петти по вкупниот број на говорници.[18] Рускиот јазик е еден од шестте официјални јазика на ООН.
Рускиот јазик има богата историја и на него се испишани едни од најголемите светски книжевни дела. Рускиот јазик бил мајчин јазик на писатели од рангот на Достоевски, Толстој, Тургенев, Пушкин или Булгаков.