Бленхајмска палата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бленхајмска Палата — селска куќа во Вудсток, Оксфордшир, Англија. Тоа е седиште на војводите од Марлборо и единствената некралска, неепископска селска куќа во Англија што ја носи титулата палата. Палатата, една од најголемите куќи во Англија, била изградена во периодот помеѓу 1705 и 1722 година, а во 1987 година била прогласена за светско наследство на УНЕСКО [1]
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Поглед кон палатата Бленхајм | |
Место | Обединето Кралство |
Критериум | ii, iv |
Навод | 425 |
Запис | 1987 (XI заседание) |
Координати | 51.852° СГШ; 1.372° ЗГД / 51.852; -1.372 |
Палатата била именувана по битката кај Бленхајм во 1704 година. Првично била наменета да биде награда за Џон Черчил, 1-виот војвода од Марлборо за неговите воени триумфи против Французите и Баварците во војната за шпанското наследство, кулминирајќи во битката кај Бленхајм. Земјата била дадена како подарок, а изградбата започнала во 1705 година, со одредена финансиска поддршка од кралицата Ана. Проектот наскоро станал предмет на политички судири, со тоа што круната ја откажала понатамошната финансиска поддршка во 1712 година, тригодишниот доброволен егзил на Марлборо на континентот, падот од влијанието на неговата војвотка и трајното оштетување на угледот на архитектот Сер Џон Ванбру.
Дизајниран во редок и краткотраен англиски барокен стил, архитектонското ценење на палатата е поделено денес како и во 1720-тите.[2] Уникатен е во неговата комбинирана употреба како семеен дом, мавзолеј и национален споменик. Палатата е значајна како родно место и дом на предците на Сер Винстон Черчил.
По завршувањето на палатата, таа станала дом на семејството Черчил (подоцна Спенсер-Черчил) во следните 300 години, а различни членови на семејството направиле промени во ентериерот, паркот и градините. На крајот на 19 век, палатата била спасена од пропаст со средствата добиени од бракот на 9-от војвода од Марлборо со американскиот наследник Консуело Вандербилт.